Битолчанецот Петар Крстевски е млад фудбалер кој живее во Австрија. Петар направи чекор напред во својата фудбалска кариера и оваа сезона ќе игра во втората Bundesliga на Австрија во фудбалскиот клуб SV-HORN од Холабурн. Разговорот ни започна вака:
За себе…
Јас сум Петар Крстевски и имам 16 години, генерација 2008 година. Учев во основното училиште „Коле Канински“ во Битола, а од 2021 година живеам во Австрија. Сега учам втора година во ХАК-Академија во Виена. Љубовта кон фудбалот…
Љубовта за фудбалот ми ја врежа мојот татко од најмали нозе. Растев со фудбалот и за фудбалот. Тренирам фудбал од мојата 6та година и матичен клуб ми е ФК Пелистер Битола каде поминав скоро 7 години и стекнав големо знаење и искуство. Фудбалот за мене е светлост и имам многу голема љубов кон него.
За клубовите таму и новиот клуб…
Во 2021 година кога се преселив во Австрија направив трансфер од ФК Пелистер во Red Star-Penzing од Виена и две години настапуваше во WFV-лигата. Red Star-Penzing е клуб со историја од 1903 година и минатата година славеше 110 години постоење. Во сезоната 2023-2024 направи трансфер од Wiener-Sport Club од Виена, клуб со богата историја, поранешен шампион во Австрија и учесник во лигата на шампионите. Јас бев капитен на тимот. Играм на позиција десно крило. Минатата сезона постигнав 17 голови и 15 асистенции. Исто така оваа година имав и два настапи за Македонската репрезентација. За овие три години имам одигранп 97 натпревари и постигнато 47 голови. Оваа сезона ќе играм во втората Bundesliga на Австрија во фудбалскиот клуб SV-HORN од Холабурн. SV-HORN е повеќе годишен член на втората Bundesliga на Австрија и ова за мене е големо искуство. Исто така и ќе настапувам во фудбалската академија за играчи до 18 години. Твоја најголема поддршка…
Најголема поддршка се мојата фамилија. Моите родители Даниела и Александар и мојата сестра Симона. Исто така имам и голема поддршка од мојот ментор по фудбал во Австрија мојот прв тренер и сегашен менаџер Сеад Бибич кој многу допринесе за сегашниот успех.
Идни планови…
Како и секој и јас имам свој сон, а тоа е ФК Барселона, а мој идол Меси. Желба ми е да заиграм на Ноу Камп, но сепак првенствено морам да се изградам како добар фудбалер со работа и труд и така да постигнам поголем успех најпрво во сегашниот клуб, а потоа и во некоја во најдобрите лиги во Европа.
Дамијана Ристевска