Викендот кој ни доаѓа во Битола ќе се одигра вечното дерби на макракометот, Еурофарм Пелистер и Вардар во Суперлигата. Дербите ќе се одигра пред полни трибини, а овој ракометен празник, во храмот на ракометот во Битола домаќините ја искористија да ги повикаат навивачите на хуманитарна акција.
РК Еурофарм Пелистер испраќа хумана порака на последниот домашен натпревар во 2024 година. Ги повикуваме сите наши навивачи, симпатизери, приврзаници на полувремето од натпреварот против Вардар (сабота, 14 декември, 18.00 часот) на теренот да фрлат плишани играчки наменети за дечињата од ранливите категории. Со оваа порака сакаме да ги потенцираме вистинските вредности на животот, пренесени преку спортот, стои во објавата на “пелистерци“.
Битолчани направија дожд од илјада плишани играчки за децата од ранливите категории (фотогалерија)