Шкендија – Пелистер 1:0 (0:0)
Фудбалерите на Пелистер од Битола со пораз на стартот на последната, трета фаза во Првата македонска фудбалска лига. Пелистер започна без повредениот капитен Мирко Ивановски, во тимот го немаше Захар Тарасенко, па нова шанса во нападот доби младиот Андреј Силјановски.
Првото полувреме започна со шансата на Ќака кога силниот удар го одбрани младиот Андреј Јовчевски со атрактивна парада. Шкендија продолжи со иницијативата и со шанси за погодок, во 17. минута, и најголемата шанса во 30. минута. Единствената шанса Пелистер во првото полувреме ја имаше Такахара.
Вториот дел започна со нова шанса за Шкендија и нова реакција на Јовчевски. Капитенот на Шкендија Ибраими со прецизен удар по земја донесе водство. По примениот гол “пелистерци“ ја презедоа иницијативата, но искусна екипа како Шкендија не попушти.
Пелистер и по поразот остана седми со 26 бода, а во следното гостува кај Шкупи на Чаир.