Фудбалскиот клуб Пелистер од Битола денес ги уплати парите собрани од влезници кои се продадоа на хуманитарниот натпревар кој се одигра во саботата во Битола, вечното дерби на македонскиот фудбал, Пелистер – Вардар.
Вкупниот износ на собрани средства е во вредност од 360.000 денари, а во сумата влегуваат и парите кои се собрани од навивачката група “Чкембари“ кои реализира индивидуална акција независно од натпреварот.
-Нашиот град и нашиот клуб уште еднаш ја покажа својата хуманост и човечност во тешките моменти за нашата земја и нашите граѓани. Да не се повтори… Од Битола, од срце за Кочани!, напишаа од фудбалскиот клуб Пелистер.










