Охрид – Пелистер 25:22 (11:12)
Екипата на Охрид иако влезе во завршницата со -5, а претходно и -6, успеа на свој терен во салата “ Билјанини извори“ прво да го израмни резултатот од 15:20, на 22:22, а потоа и да поведат со 23:22.
Во завршницата поради повреди екипата на Пелистер остаба и без голмани, а на голот беше габонецот Табанге Черубин, охриѓани дојдоа на крајот до +3 (25:22). Гласното навивање на публиката му помогна на домаќините да дојдат до значајна победа.
Претходно екипата на Пелистер имаше водство уште на стартот, а во тој период предност беше прво на +5 (12:17), а потоа и +6 (13:19). Со таква голема предност се влезе во вториот дел на второто полувреме и сите очекуваа во салата да победи Пелистер, но поради грешки не се случи тоа.
Инаку, во финишот на првиот дел имаше и инцидент на паркетот, а поради тоа Милош Рајчиќ и Иван Димитровски добија црвени картони.
Најефикасен во редовите на Пелистер беше Кобетиќ со 6 постигнати дела.










