Press "Enter" to skip to content

Младите на Еурофарм Пелистер поразени во финалето на “Ф4“ од Мулти Есенс

Мулти Есенс – Еурофарм Пелистер 32:22 (17:8)

Ракометарите на Еурофарм Пелистер се поразени од Мулти Есенс, екипа која по “Ф4“ заслужено е нов шампион на Македонија во младинска конкуренција.

Во финалната средба од завршниот турнир во Скопје, Мулти Есенс неочекувано многу лесно и убедливо го совладаа битолскиот тим со резултат 32:22, полувреме 17:8.

„Сино-белите“ од Автокоманда отворија фуриозно, ги казнуваа сите грешки на Еурофарм Пелистер и уште од раната фаза резултатски се одлепија. На битолчани, кои ги чека учество на Ф4 во Лигата на шампионите, им требаше многу време за да се соземат по почетниот шок, но тогаш беше предоцна.

На полувреме битолчани имаа негатива од -9, 8:17, а во второто полувреме екипата на Мулти Есенс не дозволи противникот да ја врати неизвесноста на натпреварот и рутински ја одбрани стекнатата предност извојува голема победа.

Екипата на Фарук Мемиќ и Кире Митревски настапи без повредениот Самоил Ристевски и без најдобриот ракометар Алем Хаџиќ, кој не настапи заради правилото странски ракометари да не настапуваат во младинските категории во домашните натпреварувања. 

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »