Press "Enter" to skip to content

Благој Мицевски, уметнички раководител на Шекспир фестивалот во Битола за придобивките од фестивалот

На средбата со новинарите која се одржа во салата на Народниот театар од Битола, зборуваше уметнички раководител на Шекспир фестивалот,  Благој Мицевски и одговори на новинарското прашање.

-Мене ми е многу драго што Шекспир фестивалот се случува повторно во Битола бидејќи еден период бепе критичен во смисла на организација, време, пати и тн. и кога си помисливме дка 10 изданија се доволно. Но со дитекторот и скромна помош од државата и општината се обидивме повторно да го направиме, токму заради бенефитите за кои прашувате. Овој театар во Македонија е познат по соработката со интернационални режисери и интернационално претставување како нити еден друг, а без Шекспир фестивалот мислам дека ќе беше многу тешко. Придобивките од овој фестивал се токму тие: ние го носиме светот кај нас, светот не зема кај нив. Имаме можност да гледаме работа на други режисери, други култури. Токму и соработката со Иштван потекнува од таму, тие соработки носат нова слика, енергија и визија кои на овие простори не се видени, а тоа е изразено со соработката со актерите, со мене, со светло мајсторите, со тон мајсторите, со сценографите. Овој театар секогаш бил пред останатите и пред времето токму заради соработката со странски режисери, меѓутоа и нашите гостувања во странство, рече Мицевски и додаде:

-Тука би споменал неколку имиња кои ќе бидат присутни на фестивалот и се важни за нашата промоција во странство во иднина: Филип Пар, претседател на европската асоцијација на Шекспир фестивали од која ние сме дел и кој има Јорк фестивал во Англија каде би можеле да гостуваме, Џон Блондејл е уметнички директор на Шекспир фестивалот во Верона од каде веќе имаме покана за гостување, Влад Драголеску го има фестивалот во Крајова кој се одржува на секои две години со голем буџет од  милиони евра, Иштван има свои фестивали и пријатели во Будимпешта, каде сеуште не сме гостуваме, но се надеваме дека ќе одиме, режисерот од Романија има свој театар “Клуш“ интернационален фестивал кој оваа година е во ист период како нашиот фестивал па не бевме во можнст да гостуваме или оак тие да дојдат кај нас, а поголема придобивка од ова нема.

-За ова издание на Шекспир фестивал има неколку големи претстави, трагедии, комедии, а екипи од Полска и Бугарија доаѓаат со шлепери сценографија и работници кои што ќе постават на сцената нешто што е големо, меѓутоа од друга страна имаме доста експериментален театар и многу млади свежи сили кои шро допрва доаѓаат на сцената, а имаме наша премиера на огромно задоволство и мислам дека и публиката ќе има бенефит од сето тоа, заврши Мицевски.

Свеченото отварање на Шекспир фестивалот се случи на  14 ноември со премиера на „Магбет“ во изведба на НТ Битола, а на програмата на фестивалот се вклучени претстави од Македонија, Полска, САД, Хрватска / Англија и Бугарија.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »