“Нашиот клуб, нашата гордост-предизвици и можности“, беше насловот на јавната трибина која се одржа во рамките на прославата 70 години ракометна Битола.
Цела година е посветена на јубилејот,а во оваа пауза меѓу првиот и вториот дел од ракометните возбудувања во супер лигата и во Европа, Ракометниот клуб „Еурофарм Пелистер“ го чествува роденденот со неколку манифестации.
Денешното одбележување запона со, како и поинаку, со трибина на која присуствуваше градоначлникот на Битола – Тони Коњановски, претседателот на РК Еурофарм Пелистер – З0ран Стерјев, потпретседателот – Бојан Стерјев, поранешни претседатели, тренери и играчи – Касим Каменица, Новокмет, Николиќ…
Трибината започна со мала репроспектива на изминатите 70 години, а “приказната“ за ракометниот клуб Пелистер за раскажа Димче Миновски, спортски новинар се свои сеќавања за тоа како се развиваше клубот во изминатите 70 години, со сите предизвици кои ги имаше.
-Клубот има многу заслужни битолчани кои се времелиле во името Пелистер, но ќе ми дозволите во оваа прилика да кажам две имиња, се надевам дека нема кој да ми замери, а тоа се Силјан Мицевски и Пепи Манасков. Циле ги постави темелите на организацијата на клубот и многу вложуваше, а Пепи беше името кое беше донесено во клубот од страна, и предизвика големи внимание во тој период, рече Миновски и додаде:
-Не можам да седам кога пред мене се сите битолски ракометни асови, ова е мојата почит кон вас, со кои години и години минувавме заедно. Денеска славиме 70 години од постоењето на РК Пелистер. Меѓутоа во името на вистината, ако побараме историја, ако сакаме минато тогаш морам да ве потсетам дека ракометот во Битола почнува од 1926 година. Почнува со женски ракомет. Така што во Битола ракометот го почнуваат женските ракометарки. Првиот натпревар се одиграл на фудбалскиот стадион под Тумбе кафе. Играа битолската екипа со екипа од Нови Сад. Тоа не траеше долго и после неколку децении почнува големиот ракомет.
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски упати честитка до клубот, до ракометарите, до навивачката група Чкембари по повод овој голем јубилеј и до сите оние кои се дел од ракометниот свет.
-70 години постоење на еден клуб, тоа е голема историја. Почестен сум и со голема одговорност да застанам пред луѓе кои дале многу за ракометот, пред овие луѓе легенди во ракометот, во спортот кои оставиле голема трага. Јас не ги делам Пелистер и Битола, Битола и Пелистер е едно единствено и во другите гранки на спортот, особено во ракометот кој најмногу го прослави градот, рече градоначалникот Коњановски.
На темата за „Еурофарм Пелистер“ во периодот на платформата за ракометна Битола зборуваше претседателот на клубот Зоран Стерјов.
-Битола треба да биде горда со овој клуб, со историјата, да ја негува историјата затоа што без историја нема сегашност, а нема ни да има иднина. Од позиција на претседател на клубот сакам да упатам голема благодарност до сите луѓе кои што во изминатите 70 години несебично, посветено, секој на свој начин со своите можности придонесоа РК „Пелистер“ да биде вистински бренд, не само на македонскиот, не само на поранешна Југославија туку и на европскиот ракомет, рече Стерјов.
Тој додаде дека обединувањето секогаш носи резултатити, а тоа го покажа и битолската ракометна платформа.
Во спортската сала „Боро Чурлевски“ ќе се одржи и Свечена академија и ревијален натпревар на ветераните на Пелистер.
Текст и фото: Сашо Ристевски











