Македонскиот првак Еурофарм Пелистер продолжува со настапите во ракометната Лига на шампиони. Првиот натпревар по паузата ќе го одигра пред својата публика на 19 овој месец, во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, а гостува силниот состав на Висла Плоцк.
Од Еурофарм Пелистер информираа дека картите за овој важен дуел се веќе во продажба, а може да се купат онлајн https://kartieurofarm.mk/ .
Битолчани се претпоследни (седми) на табелата со 4 бодови, по десет одиграни натпревари во кои имаат две победи и осум порази.
Поддршката од публиката ќе биде клучна во да се стогне барем до шестото место што води во разигрувањето.










