Press "Enter" to skip to content

Во Салцбург, Австрија за прв пат е формиран македонски јазично-креативен клуб “Збор”, како ново огниште на јазикот, културата и идентитетот далеку од татковината (фото)

-Со првиот одржан час по македонски јазик, повеќе од дваесет и пет деца ја исполнија училницата со насмевки, љубопитност и жар за запознавање на своите корени и изучување на убавините на татковината и дедовината.

Изучување на македонската азбука за нас не е само лекција, туку живо сведоштво дека јазикот се љуби и чува и надвор од границите на Македонија.Часовите се организираат во рамките на Македонското културно здружение „Македониум“ од Салцбург, под раководство на наставничката Снежана Јосифоска, заедно со наставничките Данче Николова Тричковски и Јулија Белушкова.Со својата посветеност и љубов кон јазикот, тие ја водат оваа значајна иницијатива која има за цел да ги описмени децата на македонски јазик, да ги научи да читаат и пишуваат кирилица и да ги поттикне да размислуваат и творат на својот мајчин јазик.Преку игра, креативни активности и дружење, најмладите ќе се запознаваат со македонската традиција, култура, празници и вредности, градејќи чувство на припадност и гордост кон своето потекло.Овој значаен проект добива и институционална поддршка од градот Салцбург, кој обезбедува опремена училница за одржување на часовите, уште една потврда за важноста на негувањето на јазичната и културната разноликост.Големиот интерес од страна на родителите и децата е јасен знак дека оваа иницијатива е на вистинското место. Во родниот град на Моцарт за прв пат ќе се чита и пишува на македонски.Македонскиот јазик ќе се негува и ќе живее и со идните генерации Македонци во Салцбург, затоа што “Јазикот е единствената наша татковина“.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from ДијаспораMore posts in Дијаспора »