Press "Enter" to skip to content

“Двојката“ во одлично издание, но бодовите од Битола одат во Автокоманда (фотогалерија)

Еурофарм Пелистер – Алкалоид 27:31 (10:11)

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 вечерва во Битола одигра одличен натпревар, а тоа што тимот на Алкалоид важеше за голем фаворит, резултатски се оствари, иако гостите не дојдоа толку лесно до победа и бодови.Младите “пелистерци“ предводени од тренерот Бранко Ангеловски се покажаа како твр орев за тимот на Лазаров, кој отпорот на домаќинот го скрши дури во финишот од средбата. Мора да се забележи тоа дека голманот на Алкалоид, Иван Галевски, запиша 11 одбрани за резултатот да биде како што е.Во тимот на Пелистер дел од ракометарите беа “до вчера“ дел од тимот од Автокоманда, па тоа беше дополнителен мотив да покажат што знаат.Тимот на Алкалоид прв дојде до значитечна предност +3 (7:10), но до паузата битолчани намалија на 11:10.И второто полувреме започна израмнето, а битолчани дојдоа и до реми 16:16. Потоа следуваше серија на репрезентативците Костески, Митев и Ѓорѓиев за 16:20. Но мотовираните млади пелистерци не се предадоа и се врстија на -1 (22:23) на влезот на последните десетина минути.Искуството на гостире дојде до израз во финишот, домашните промашија пенал, следуваа уште два нереализирани напади, а гостите казнуваа. На крајот Алкалоид победи со 27:31.Најефикасен во тимот на Еурофарм Пелистер 2 беше Симоноски со 9 гола, а следува Димевски со 7. Кај победничката екипа, Митев со 6 и Костески со 5 гола беа најефикасни.

Линк за фотогалерија:

https://www.facebook.com/photo/?fbid=1710422064129946&set=pcb.1710422497463236

More from ВестиMore posts in Вести »