Оваа постапка е уредена со Законот за рибарство и аквакултура врз основа на договорот за користење на риби и други водни организми за период 2025-2036 година и Риболовна основа за риболовно подрачје “Стрежево“.
На настанот присуствуваше и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Ивица Ангеловски.
-Со заеднички ангажман на сите надлежни институции, продолжуваме посветено да се грижиме за заштитата и унапредувањето на рибниот фонд во акумулацијата „Стрежево“. Ова порибување е значаен придонес кон зачувувањето на еколошката рамнотежа и одржливото управување со водните ресурси. Нашата определба е да продолжиме со одговорното и домаќинско управување со акумулацијата, за да обезбедиме здрава и одржлива водна средина и богат рибен фонд за сегашните и идните генерации, изјави директорката на ЈП „Стрежево“, Вера Бешлиевска.
Сашо Ристевски
Линк за фотогалерија:
https://www.facebook.com/photo/?fbid=1737305818108237&set=pcb.1737306618108157






