Пелистер – Осогово 3:0 (0:0)
Вечерва во Битола на стадионот под Тумбекафе, под рефлектори, екипата на Пелистер оствари убедлива победа над ГФК Осогово со резултат 3:0, полувреме без голови, во рамки на осмото коло во Втората фудбалска лига, а со овој натпревар “пелистерци“ се вратија на стадионот “Петар Милошевски“.
Со оваа победа и со нови три бода екипата на Пелистер останува на делба на второто место на табелата во Втората македонска фудбалска лига.
До посакуваната подеба и три нови бода Пелистер дојде со головите на Иван Ивановски, кој беше стрелец на хет-трик во мрежата на Осогово.
Херојот во триумфот на битолчани Иван Ивановски кој ги постигна сите три гола за Пелистер, првиот гол го постигна во 58. минута за 1:0, вториот гол го постигна во 86. минута за 2:0, а третиот гол го погоди во “судиското време“ во 93. минута.
Пелистер по осум кола има има 18 освоени бода исто колку и Работнички, но дебармаалци имаат меч помалку. Лидер во ВМФЛ е Охрид со 19 бода.
Сашо Ристевски
Линк за фотогалерија: https://www.facebook.com/photo?fbid=1747194747119344&set=pcb.1747195597119259









