Press "Enter" to skip to content

Благој Димитриев: да ги исправиме грешки и да го изненадиме Работнички

Вечерва во спортската сала “Боро Чурлевски“ го Битола ќе се одигра натпреварот од 3. коло од машката Супер лига во кој екипата на Пелистер го пречекува тимот на Работнички од Скопје.

Благој Димитриев пред натпреварот против Работнички вели:

-Ме радува дуелот со Работнички и можноста пак да играме пред домашните навивачи. Загубивме на претходниот натпревар во Струмица и треба да ги вратиме тие загубени бодови. Треба да ги исправиме грешки и со помош на нашите навивачи да го изненадиме противникот. Ги повикувам нашите навивачи да дојдат во што е можно поголем број и да ни дадат поддршка, која ни е неопходна.

Во првото коло Пелистер на свој терен го победи ТФТ од Скопје, а во второто коло е поразен од тимот на Струмица. 

More from ВестиMore posts in Вести »