-Пред 10 години Лајонс клубот од Битола промовираше телефонски именик со Брајово писмо и целиот тираж го подари на Здружението на слепи лица. Иницијаторот и реализаторот на овој хуман проект, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битосското новинарстство.
Марјан Танушевски, информира дека телефонскиот именик со Брајово писмо овозможува поголема информираност на слепите лица, како и вклучување во јавни настани на заедницата.
-Слепите лица имаат потреба да бидат точно информирани, да бидат дел од заедницата, да бидат вклучени, да присуствуваат на музички концерти, но и да побараат брза интервенција и помош од некоја служба. Тоа и го има во телефонскиот именик бидејќи со Брајово писмо се напишани поважните телефонски броеви од установите од областа на културата во Битола, здравствените установи, сервисни служби, но и тоа што го сметавме за корисно, а тоа се телефонските броеви на сите медиуми. Со тоа слепите лица ќе можеда споделат некоја сторија, проблем или приказнакоја може да биде медиумски обработувана, посочи Танушевски.
Проектот е прв од ваков тип во Македонија и е дел од континуираната подршка на Лајонс клубот – Битола до Здружението на слепи лица.

Деновиве пред 10 години: во Битола слепите лица добија телефонски именик со Брајово писмо (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Најубава чкембе чорба направија и освоија прво место моторџиите од “Конзули“, Гран-при за “Корзо“ на првиот “Чкембе фест Битола 2026“ (фотогалерија)
- Започна првото издание на “Чкембе фест Битола 2026“, готвачи од Македонија, Турција и Унгарија утре ќе прават чкембе чорба (фотогалерија)
- Битола ја добива манифестацијата која и прилега “Чкембе фест“
- Деновиве пред 10 години: Во Новаци примовирана мобилна туристичка апликација (фото)
- Деновиве пред 10 години: пробивање и комплетна инфраструктура на “Широка“ во Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Битола и Виченца: успешна графичка приказна “Огледало – очи в очи“ во галеријата “Ранко Струмениковски“
- Благој Димитриев: да ги исправиме грешки и да го изненадиме Работнички
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 18 степени
- “Патот станува место“ изложба на Ангела Каранфилова и Кристина Таневска (фотогалерија)
- Еурофарм Пелистер до лесни бодовите во Прилеп










