Ракометната федерација на Македонија ги делегираше официјалните лица за натпреварите од 9 коло во Супер машката лига. Најголемото внимание го привлекува македонското „Ел Класико“ меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер што ќе се игра на 1 ноември од 17:45 часот.
Битолчаните Димитар Митревски и Благојче Тодоровски ќе ја делат правдата на овој натпревар, а делегати се Душко Камишевски и Лери Мирчески.
Пелистер посакува победа која ќе значи и лидерска позиција, а “вардарци“ го пречекуваат ривалот од Битола како лидери на табелата, со надеж за продолжување на победничката серија во Суперлигата.
Натпреварот од деветтото коло ќе се одигра на 1 ноември во салата „Јане Сандански“, а почетокот е закажан за 18:00 часот.











