Пелистер – Тетекс 3:1 (3:0)
Фудбаларите на Пелистер на домашен терен во Битола одиграа за победа против тимот на Тетекс и го совлада со 3:1, полувреме 3:0.
Фудбалерите на Пелистер мошне рано дојдоа до првио гол и водство, 2. минута стрелец беше Спировски, после одличната акција во во првиот напад, после 70 секунди.
Вториот гол за Пелистер го постигна Ивановски во 32. минута, а третиот гол беше дело на Пресилски во 39. минута.
Тетекс го намали резултатот во 86. минута кога го постигна почесниот гол за 3:1, а стрелец беше Гавровски.
Со овие три нови бода Пелистер е пласиран на второто место со 28 бодови, а лидер на табелата е тимот на Охрид со 31 бод. Третопласиран е тимот на Работнички со 27 бодови.









