Во Битола, во преполната “Магаза“, посетителите со и без попреченост имаа можност да доживеат прекрасно мултисензорно искуство преку допир на новите 3Д тактилни копии, придружени со аудиоописи и нарации, текстови на Брајово писмо, видеа на знаковен јазик и мирис. Сите содржини беа достапни преку NFC тагoви и QR кодови, до кои посетителите можеа да пристапат со своите паметни телефони.
Изложбата ја отвори заменик-градоначалничката М-р Марина Крстиќ, која ја истакна важноста на ваквите квалитетни проекти за лицата со попреченост.
Пред присутните се обрати раководителката на проектот, д-р Ирена Ружин, која истакна дека се радува што институцијата „Завод и музеј“ е препознаена како втор дом за сите, благодарение на проектите за пристапност и инклузија, кои во изминатите десетина години придонесуваат за благосостојбата на посетителите и за доближување на културното наследство до сите.
Таа упати благодарност до колегите од институцијата, до долгогодишните соработници- Здружението на слепи лица и ОУРЦ „Кочо Рацин“, како и до медиумите кои континуирано ја следат нивната работа. Посебно ги истакна придонесот и посветеноста на колегата м-р Јове Парговски, кој секоја година го унапредува квалитетот на изложбите преку имплементација на современи технологии, кои се имплементирани во голем број музеи во регионот.
Ружин најави и серија работилници со помали групи посетители во наредниот период.
Тактилните копии ги изработија Јана, Горазд и Тони Николовски, инспирирани од експонати од колекциите на НУ „Завод и музеј“.

Отворена мултисензорната изложба на НУ „Завод и музеј“ Битола – “Допир“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Мицкоски на средба со раководството на РЕК “Битола“ и АД ЕСМ
- СВР Битола: две приведувања за марихуана, едно за агресивно однесување кон полицајци
- Денеска почнува шестнеделниот Божикен пост
- Во Битола врнежливо, температурата до 9 степени
- “Sarsalé“ фламенко од Барселона на третиот ден на 18. Фестивал на музика на светот во Битола (фотогалерија)
More from КултураMore posts in Култура »
- “Sarsalé“ фламенко од Барселона на третиот ден на 18. Фестивал на музика на светот во Битола (фотогалерија)
- “КОД 369“ и Јован Милошевски на вториот ден на 18. Фестивал на музика на светот во Битола (фотогалерија)
- Битола е “музички крстотат“ по 18. пат со Фестивал на музика од светот, започна со концерт на Амира Медуњанин (фотогалерија)
- Румена Бужаровска во УТОПИЈА за хуморот, предрасудите и одговорноста кога туѓ живот станува книга
- “Вљубеник во светлината“ – монографија што го чува споменот за Ранко Струмениковски и неговото непроценливо творештво (фотогалерија)









