Press "Enter" to skip to content

Со “Комитското“, зурлите и тапаните, гајдата, песната… вечерите на традиционална музика на “Илинденски денови“ (фотогалерија)

Синоќа во пациото на Заводот и Музеј во Битола, со инструментална изведба на орото “Комитско“ и со целовечерен концерт на ансамбл “Македонија“ од Скопје, започнаа вечерите на традиционална музика и песна, на републичкиот Фестивал на народни песни и игри “Илинденски денови“.Традицијата продолжува, фестивалските вечери почнаа со орото „Комитско“ и првпат во историјата на фестивалот само со инструментална изведба на “Комитското“ од КУД “ Илинден“ од Битола, а потоа продолжија со чалгии, песни, изведби на гајда, за да зврши со зурлите и тапаните. -Синоќа на фестивалот “Илинденски денови‘ се случи нов историски момент. Фестивалските вечери почнаа со орото “Комитско“, но само со инструментална изведба на КУД “Илинден“ затоа што безрезервно и максимално ги почитуваме заштитните мерки за коронавирусот, вели Валентин Соклевски.Потоа на малубројната публика, која ги почитиваше сите мерки за заштита во Битола членовите на ансамбл “Македонија“ понудија чалгија, песни, гајда, зурли и тапани, како и други фолклорни мотиви презентирани од нивниот традиционален оркестар.Веднаш по завршувањето на концертот, публиката ја проследи првата, и би рекол историска понуда, затоа што во овие 50 години никогаш не се случило, а тоа е првата он-лајн интернационална фестивалска вечер.Он-лајн фестивалите се нов тренд и се поддржани од светската асоцијација на фолклорните фестивали ЦИОФФ.Во Битола, на трите он-лајн фестивалски вечери ќе настапат групи од 11 држави во светот, односно од Обединетите Арапски Емирати, Хрватска, Колумбија, Грузија, Шпанија, Босна и Херцеговина, Чиле, Индија, Бразил, Северен Кипар и Северна Македонија. Доколку не беше пандемијата во Битола ќе гостуваа 17 фолклорни групи од 11 држави во светот, а сега нивните настапи се презентираат он-лајн.Публиката од државата и светот, Републичкиот фестивал на народни игри и песни „Илинденски денови“ фестивалот може да го следи секоја вечер од 21.30 часот на веб страницата и на Фејсбук страницата на Фестивалот,  информираат од НУ Центар за култура-Битола, домаќин и организатор на фестивалот во овој град.

More from КултураMore posts in Култура »