Осумнаесет годишната Ангела Лавровска од Битола која пред извесно време го објави својот втор кавер “Someone you loved“ од Lewis Capaldi, деновиве го објави и нејзиниот трет кавер “Мy future“ – Billie Elish.
Ангела Лавровска од Битола е голем музички ентузијаст, која својата срамежливост ја победила со развивање на музичкиот талент, а нејзиниот предизвик за овој трет кавер бил: да се обиде вокално да го рекреира само ден после излегувањето на овој сингл.
Овој пат, ја објавуваме со нејзиниот трет кавер my future- Billie Elish. Нејзината соработка со @Tyrion Production продолжува, секој пат со различен стил за да се долови вистинскиот талент кој Ангела го поседува.






