Со проекција на комедијата “Добредојдовте во Германија“ синоќа започна да работи малото летно кино во Битола, во центарот за култура, кое е сместено во на косото плато под службениот влез на Центарот за култура и Малата сала.
Проекцијата на првиот филм, во Битола ова лето, се реализира по здравствените протоколи, меѓу кои на посетителите им беше мерена телесна температура со задолжителна дезинфекцијата на раце и носењето на маски.
-Мало летно кино е сместено на една од најдрагите локации во нашиот објект во Центарот за култура во Битола. Капацитетот е ограничен на околу 50 посетители, а цената на влезниците е по симболична цена од 100 денари. Билетите за проекциите се продаваат пред почетокот, на проекциите кои започнуваат во 20:30 часот, велат од Центарот за култура во Битола.
Денес, среда, на репертоарот на малото летно кино во Битола е Оскаровецот “Паразит“, а утре, четврток комедија “Брит Мари беше тука“- филм кој е снимен по истоимената бестселер книга.
-Баравте кино под илјада ѕвезди во Битола, ние успеавме да ја исполниме оваа ваша желба, додаваат од Центарот за култура од Битола.

Фото вест: започнаа проекциите во малото летно кино во Центарот за култура во Битола
More from КултураMore posts in Култура »
- Самостојна изложба на Владо Ѓоревски од Битола во Шпанија
- Во Битола во тек е првиот кинески филмски фестивал
- Изложбата “Извонредниот текстил на Мексико“ во Македонија по повод 25 години дипломатски односи
- Доделни наградите “Анте Поповски“ за 2026 година
- Започна јубилејното, 35. издание, на “Интерфест“ во Битола со балетската претстава “Шехерезада“ (фотогалерија)





