Концертот на филмска музика насловен како “FILM MUSIC RHAPSODY“ ќе се одржи на петок, 27 август, со почеток во 20 часот, во Битола, во античкиот театар Хераклеја,
На концертот во Битола, ќе бидат изведени 13 музички евергрини од најпознатите филмски отстварувања, во придружба на Камерниот оркестар на Битола.
Инаку, ова е завршницата на Интернационалниот музички онлајн фестивал “MUSICLAND“ – Битола, на кој учествуваа 230 учесници од 36 земји. 
Настанот секоја година традиционално во Битола се одржуваше во рамките на “Битфест“ и на него учествуваат учесници од многу странски држави, но оваа година учествуваат само учесници од нашата држава, поради пандемијата со коронавирусот.
Концертот се одржува под покровителство на Општината Битола и Министерството за култура.






