Млади уметници со проектот “Арс Лонга“ своите дела ќе ги продаваат и донираат во Центарот за борба против ковид-19
Клубот Интеракт Широк Сокак Битола моментално работи на нов проект, Арс Лонга, чија цел е подршка на млади неафирмирани уметници и помош на центарот за борба против Ковид-19.
Младите уметници, во Битола, вредно работат на своите дела во периодот од 31 август до 6 септември, а ќе се продаваат “онлајн“ или непосредно.
Изработките – заштитни маски, торби и маици, ќе можете да ги видите во објавите на нивната инстаграм @interactshiroksokakbitola и фејсбук страна Rotary Interact Shirok Sokak Bitola.
Средствата кои ќе ги соберат со продажба на делата ќе бидат донирани во центарот за борба против Ковид-19.
Во овој тежок период за сите нас ги поддржуваме и поттикнуваме младите уметници но воедно помагаме онаму каде е најпотребно.
Под млад неафирмиран уметник се подразбира секој кој има желба, пасија и страст да создава.
Главната идеја е младите уметници да си ги промовираат своите дела и својот талент, а во исто време да се помогне онаму каде во овој период помошта е најпотребна.