По повод третото издание на Интернационален Jazz Factory Fest 2020, прес конференција во фоајето на Народниот театар во Битола одржаа организаторот на Фестивалор – Сашо Поповски и директорот на Народниот театар Битола – Иван Јерчиќ.
-На 29 и 30 август, во Битола ќе се одржи третото издание на Интернационалниот џез фестивал “Џез Фабрика Фестивал Битола – Jazz Factory Festival Bitola 2020, со исклучителна програма. ЏФФ. Битола, e единствен џез фестивал во Битола, со сериозна меѓународна програма и главен акцент на промоција на македонските џез артисти, што ја става Битола во листата на градови со џез култура, придонесува кон културната децентрализација и меѓународна промоција на Општина Битола, рече Сашо Поповски.
Од неодамна како партнер на овој Фестивал се јавува и Народниот театат во Битола, за што директорот на Народниот театар Битола – Иван Јерчиќ рече:
-Ме радува што ние сме парнери на овој Фестивал кој во ова време ќе придонесе во културниот живот на битолчани кој се љубители на овој вид музика. Ние како устанива сме подгвени да организирме било какви културни настани, според сите пропишани протоколи за одржува на настани, а се надеваме дека за брзо време ќе ги имаме и протоколите за одржување на театарски претстави и ќе започнеме со реализација на театарската програма.
За програмата на Фестивалот, Сашо Поповски рече:
-Утре официјално започнува фестивалот, а ќе се одржи на отворена сцена на Народниот Театар во Битола, со почеток во 19 часот со настапот на Антоније АВП Проект. Потоа следуваат “Брама Амити“, Арменд Џафери – Тони Китановски Квартет, “АЈС Квартет“ и на крај Ирена Благојевич Квартет.
Инаку, “Џез Фабрика Фестивал Битола – Jazz Factory Festival Bitola 2020, денес, петок, ќе има своја пред програма во “КултурКафе“ во Битола со почеток од 21 часот, каде ќе се претстави групата AJS Quartet од Тирана. AJS Quartet – е нај популарниот џез бенд во Албанија. На музичката сцена се веќе 10 години. Исто така ќе биде претставен нивниот нов албум JAlbaniaZZ со: Ermal Rodi – сакс, кларинет, албанска флута, Gent Rush – е.пиано, Emiljan Dhimo – тапани, Roni Gjura – d.bass, e.bass.






