Синоќа во културниот центар “Магаза“ во Битола, беше отворена изложбата “Куќи за сонување и соништа“ од циклусот уметнички дела на Слободан Рајчевски.
Во име на организатор, НУ Центар за култура – Битола, изложбата ја отвори директорката Маја Андоновска – Илиевски.
-Безвременските теми како секојдневие, суштинска посветеност на човекот, слики и доживувања како материјални мисли, длабок одраз на самобитисување и разголеност на сопствената душа длабоко го опфаќа творештвото на Слободан Рајчевски. На платната на Рајчевски бојата е доминантна, некои се крајно симплифицирани и без перспектива додека другите кокетираат со апсолутно сликарство кое се врзува за субјективно, емотивно и рационално уметничко изразување, кое не следи природни закони на боја, текстура, облик и простор, стои во освртот на м-р Јелена Петровска, за изложбата на Рајчевски.

Отворена изложбата “Куќи за сонување и соништа“ на Слободан Рајчевски (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Бојана Скендеровски на 30 октомври закажа концерт во Битола
- Деновиве пред 10 години: рускиот пијанист Олег Маршев ги воодушеви присутните и го затвори 25. по ред “Интерфест 2016“ во Битола
- Десет дена на возвишена уметност на годинашниот “Интерфест“ во Битола
- Самостојна изложба на Владо Ѓоревски од Битола во Шпанија
- Во Битола во тек е првиот кинески филмски фестивал





