Професионалноста, а посебно во пишувањето секогаш носи резултати, само ако се насочите кон строгото и професионално пишување, кое прераснува во ангажман код кого само највредните и најпрофесионалците секогаш ги добиваат заслужените награди кои претставуваат еден поттик за одење понатаму во светот на пишуваниот збор.
Таков е случајот и со македонскиот писател Зоран Пејковски од Битола, кој долги години, односно скоро 30-на се занимава со пишување, а во последните 20-на години и професионално се посветува и кон науката и кон професионалното пишување на литература.
На 13-ти септември оваа 2020-та година, писателот од Битола, Зоран Пејковски, во рамките на Меѓународната поетско – културна манифестација „Анте Поповски -Антево перо“, во чест на творештвото на бардот на современата македонска поезија, Анте Поповски, ја добив наградата „АНТЕВ ЗЛАТНИК“ за збирката песни „Остров во окото“.
Во образложението на жири комисијата се вели: поезијата на Зоран Пејковски, можеби од сите пристигнати ракописи најмногу потсетува на темелната поетска опсесија на Анте Поповски: прапочетокот, праматеријата и прамакедониумот. Тоа е густа, архетипска поезија за Македонија како синоним за источник на писмото, меморијата и цивилизацијата. Станува збор за оформен поет кој е константа на нашата поетска реч“…






