16. Меѓународна ликовна колонија “Де Ниро“ започнува петок, од 25 до 30 септември, ќе се одржи во село Цапари, наместо како досега во Битола.
-Колонијата “Де Ниро“ – Битола ќе започне со збратимување на двете колонии, Ликовна колонија “Де Ниро“, село Цапари, Битола и Меѓународен центар за уметност и одржлив развој Арт Поинт-Гумно, село Слоештица, Демир Хисар. Паралелните ликовни колонии ќе започнат со заедничка свеченост на којашто со потпишување на ПОВЕЛБА за збратимување ќе биде официјализирана 15-годишната соработка на организациите. Потпишување на Повелбата ќе го извршат Ирена Андреевска и Силвана Филевска, рече како најава за колонијата, Драги Филевски, организатор на Меѓународна ликовна колонија “Де Ниро“.
Во село Цапари ќе гостуваат уметниците: Елена Ѓоргиевска, Симонида Филипова Китановска, Жарко Башески, Стефан Малбашиќ, Сашо Н. Алушевски, Симона Мирчевска и Вацлав Лукич, а поочесен гостин е Беди Ибрахим.
На уметничкото гумно во с. Слоештица ќе гостуваат уметниците: Дијана Томиќ – Радевска, Пандора и Сашо Саздовски, Филип Велковски, Горан Ристовски и Кети Талевска.






