Синоќа во салата на Народниот театар во Битола, Македонското научно друштво од Битола, свечено ја промовира книгата “Обликовано е името на Република Северна Македонија“ од авторот д-р Ѓорѓи Михајловски.
Свечената промоција ја отвори и ги поздрави авторот, рецензентот и присутните претседателката на МНД Битола, доцент д-р Невена Груевска.
За книгата зборуваше авторот д-р Ѓорѓи Михајловски и рецензентот проф. д-р Трајче Дојчиновски, а за авторот и неговото творештво и работните ангажмани, односно за неговата биографија зборуваше проф. д-р Борис Ангелков.
Гостите во име на Општина Битола ги поздрави заменик градоначалникот на Опптина Битола, Емилија Костурски.
[ngg src=”galleries” ids=”618″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″ thumbnail_crop=”0″]






