Денес на стадионот под Тумбекафе во Битола беше вистински празник на фудбалот, во кој уживаа младите фудбалери на Пелистер, родени 2006 и 2007 година, а поводот за “празнувањето“ беше гостувањето на нивните врсници и одигрувањето на два пријателски натпревари.
Иако резултатот не беше во прв план, знаејќи дека “звездашите“ се поквалитетни екипи, младите “пелистерци“ предводени на двете генерации Ѓоко Илијовски, имаа максимален мотив и дадоа максимален учинок.
Но, тремата дека ќе играат против Црвена Звезда кај младите битолчани беше видлива во текот на двата натпревари, а не се “ослободија“ ни во еден момент, а на поквалитетните противници со тоа им дадоа шанса да се прикажат во вистинско светло.
Двете екипи ги загубија натпреварите, генерацијата 2007 е поразена со 1:7, а генерацијата 2007 со 0:8.
-Денес беше една убава прилика да ни гостува еден навистина голем клуб, поранешен шампион на Европа и во светот. Квалитетот на гостите и нивната доминација на двата натпревари беше повеќе од очигледна. Им благодарам за гостувањето а воедно едно големо искуство за нашите млади играчи, вели Гоко Илијовски.
За екипата на Пелистер, родени 2006 година натпреварот го започнаа Димовски, Сељанковски, Георгиевски Дарио, Крстевски,Радевски, Христовски, Сефедин, Силјановски-капитен, Стојчев, Лозановски и Спировски. Во вториот дел играа: Стојановски Ф. Трампевски, Кулевски, Георгиевски Давид, Каревски, Ристевски, Петровски, Стојановски и Здравевски. Стрелец на голот за Пелистер беше Каревски Иван.
За екипата на Пелистер, родени 2007 година Балев, Стојановски Љупчо, Фејзуловски Ерџан, Георгиевски, Груевски, Делов, Филипов, Стојановски Леонид, Лисолајски, Димитровски-капитен и Иванов. Во вториот дел настапија: Коминовски, Карапетров, Мегленски, Баталоски, Фејзуловски Енвер, Илијовски, Кузмановски, Петковски и Стојановски М.
Инаку, младинските екипи на Црвена Звезда се наоѓаат на подготовки во Охрид, каде покрај тренинзите имаат и организирана настава која ја следат он-лајн, а само побараа да играат против екипите на Пелистер. И в недела ќе се одиграат два натпревари помеѓу овие екипи, а ќе се играа во Охрид.











