Press "Enter" to skip to content

Нови две победи во Битола за прво место во групата на младите одбојкарки

Пелистер Волеј – Ускана 2:0 (25:14; 25:11)

Пелистер Волеј – Шкендија 2:0 (25:16; 25:16)

Во рамките на младинско првенство на Македонија, во групата “В“ – втор турнир во Битола, во спортската сала на Медицинското училиште во Битола се одиграа натпреварите на кои учествуваше и младинската екипа на Пелистер Волеј.

Битолската младинска екипа, го задржа максималниот биланс, без загубен сет и извојува две максимални победи од по 2:0 над кичевска Ускана и тетовска Шкендија, а победите беа само прашање на време.

Во првиот натпревар против Ускана поените ги освоија: Стефани Најдановска 8, Јана Василевска 7, Ивана Белокозовска 6, Меланија Каралиоска 6, Ана Пејовска 5 и Михаела Цветановска 3.

Во вториот натпревар против Шкендија поените ги освоија: Ана Пејовска 12, Јана Василевска 7, Стефани Најдановска 7, Меланија Каралиоска 3, Михаела Цветановска 3, Сандра Дамчева 1, Ирина Трајковска 1 и Андреа Стојановска 1.
More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »