Екипата на Еурофарм Пелистер во Битола во првиот осминафинален натпревар против е поразен во Битола, а на официјалната пред-конференција по завршувањето на натпреварот зборуваа тренерот Жељко Бабиќ и Матео Мараш.
Стратегот Жељко Бабиќ на прес-конференцијата спортски му го честита триумфот на противникот и жали што неговиот тим не успеа да „улови голема риба“ како што претходно најави и рече:
-Честитки за победата, честитки за тренерот Вигерт. Тргнавме многу бавно, бевме предвидливи во нападот, а со таква игра против вака квалитетен тим, знаеш дека ќе бидеш казнет. Игравме пречесто во овој период и можеби затоа ја загубивме силата на овој натпревар. Но, треба да се напомене дека игравме против одлична екипа, која е составена од голем број медалисти од големите натпреварувања. Ни следи важен натпревар со Вардар во домашниот шампионат, а потоа и реваншот. Штета што не успеавме да “уловиме голема риба“ како што најавивме.
Матео Мараш на пресот им ја честита победата на гостите и слично како и Бабиќ ја анализираше средбата.
Реванш средбата меѓу македонскиот и германскиот тим е закажана за една седмица, а претходно Пелистер го чека прв големо дерби во Суперлигата на гости кај Вардар в сабота.











