Press "Enter" to skip to content

Битолчанецот Иван Марковски нов тренер на Металург, прв натпревар со Еурофарм Пелистер 2

Од денеска екипата на Металург има нов тренер, а на клупата седнува поранешниот играч на овој клуб, е нашиот сограѓанин од Битола, Иван Марковски, а ангажманот на Иве доаѓа после враќањето од Франција, а договорена е соработка од две и пол години, период да ги спроведе на дело своите идеи.

Со овој  со ова тој се враќа на тренерската работа и добива голем предизвик бидејќи доаѓа во екипа која имаше лош старт на плеј-оф сезоната, а за понудата Марковски вели дека не размислувал многу бидејќи уште од стартот на преговорите успеале да се договорат со она што го замислува тој заедно со раководството.

Марковски со Металург денес стартува со работа со новата екипа, а првиот тренинг го има вечер, кога и започнува подготовките за следната средба која треба да се случи во текот на викендот, а противник е составот на Еурофарм Пелистер 2 од Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »