Во соработка со Амбасадата на Руската Федерација во РСМ, почесниот конзулат на Руската Федерација во Битола и со поддршка од Општина Битола, се одржа Вечер на руска музика во Заводот и музеј во Битола, посветена на Петар Илич Чајковски и Сергеј Рахмањинов.
На концертот присуствуваа и градоначалничката Наташа Петровска и рускиот амбасадор Сергеј Баздникин, која рече:
-И овој настан е дополнување на културните настани кои што се случуваат во градот во изминатите две недели. Концертот е за мене значаен затоа што во ова врнежливо време, само музиката е таа која што може да нè згрее и да ни даде позитивна енергија во нашите души. Особено ми е значајно, што токму оваа вечер уште еднаш ќе покажеме дека сплотеноста која што секогаш постоела помеѓу словенските народи се потврдува, затоа и искажувам голема благодарност за целокупната поддршка од страна на амбасадорот и сите соработници од амбасадата, рече градоначалничката Наташа Петровска.
-Настани како овој вечерва ни овозможуваат да ја запознаеме најбогатата култура и традиција на Русија. Придонесуваат за зајакнување на меѓусебното разбирање и соработка, како и натамошно зближување на нашите народи. Делата на Чајковски и Рахмањинов прозвучија и на отворањето на деновите на Рускиот јазик и култура во Скопје. Се разбира, нивните дела се изведуваат и на главната музичка сцена во земјата, но и во светот“, истакна амбасадорот на Руската Федерација, Сергеј Баздникин.
Како дел од здружението Арс Ад Астра, на концертот настапија Маја Божиновска и Горјана Стојановска, изведувајќи ја балетската свита „Заспаната убавица“ од Чајковски за четирирачно пијано.
Исто така, со Шест пиеси за четири раце пред публиката се претставија Татјана Божиновска и Билјана Димовска. Беше даден и краток осврт кон животот и делата на Чајковски и Рахмањинов, од страна на Горјана Стојановска.

Вечер на руска музика во Битола посветена на Чајковски и Рахмањинов
More from ВестиMore posts in Вести »
- ФК Јени Мале со крводарителска акција
- Ксенија Николова во Утопија со разговор за книгите и животот меѓу нивните редови
- По 20. пат во Битола дефиле на Широк Сокак и тематска средба на “Мобилност Битола“ (фотогалерија)
- Секој вторник, во следните 21 седмица по една лекција од Марјан Вучковиќ од неговата книга “21 ден во Кина“ за вештачката интелегенција и иднината на бизнисот
- За денес е закажана вонредна седница на Советот на Општина Битола
More from КултураMore posts in Култура »
- Ксенија Николова во Утопија со разговор за книгите и животот меѓу нивните редови
- Бојана Скендеровски откри кој ќе ѝ прави друштво на сцената во Битола
- Битола и Виченца: успешна графичка приказна “Огледало – очи в очи“ во галеријата “Ранко Струмениковски“
- “Патот станува место“ изложба на Ангела Каранфилова и Кристина Таневска (фотогалерија)
- Македонската филхармонија го изведе “Музички код“ во Битола (фотогалерија)









