Општински комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, заедно со Комисија за труд, социјална политика, демографија и родови прашања, Унија на жени и Унија на млади сили го одбележеаа Меѓународниот ден на семејството со повеќе активности.
Семејството е мостот кон иднината и столбот на едно општество! ВМРО – ДПМНЕ претставува едно големо семејство кое како демохристијанска партија ги синтетизира идеалите на христијанството и демократијата, ги почитува, негува, вреднува традиционалните вредности на семејството и затоа ВМРО- ДПМНЕ е мостот кон иднината и столбот на Република Македонија!
По повод одбележувањето на 15 Мај Меѓународниот ден на семејството, беше реализирана трибина на која беше потенциран развојот на позитивното родителство, обезбедување на безгрижно детство и функционално семејство како и донација во Здружението за поддршка на деца и семејства со атипичен развој ,,Хармоничен свет“, која донација се состоеше од специјализирани едукативни и дидактички материјали кои ќе го подобрат квалитетот на услуги и третман на децата со попреченост и нивните семејства.

ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Битола го одбележа Меѓународниот ден на семејството
More from ВестиMore posts in Вести »
- Вински фестивал во “Bliss Mall“ – два дена вино, музика и добра музика
- Деновиве пред 10 години: во Битола аикидо федерацијата одбележа 20 години (фото)
- Никола Кочовиќ: вечер е важен натпревар, сите сме мотивирани за победа
- Во Битола промеливо облачно, температурата до 17 степени
- Есенска приказна над Битола – два манастира, преубав поглед кон градот, вера и човечка добрина опкружени со есенски бои (фотогалерија)





