Press "Enter" to skip to content

Кошаркарските ветерани на Пелистер против штипјани

Во спортската сала “Младост“ во Битола се одигра пријателски кошаркарски на ветераните на Пелистер. Оваа средба е во низата натревари кои оваа “стара“ екипа на Пелистер ја игра во Битола, како и во неколку други градови низ Македонија каде ветераните се организирани во клубови.

На штипјани денес му се спротистави екипата на ветерани на Пелистер предводена од Николче и Оли, а во тимот во зелено-бели дресови се најдоа: Дандо, Сушо, Мандичо, Диме Калабич, Џими, Коста, Белката, Штеката и останатите.

На оваа средба настапија Џими Јуската кој е во Битола и живее во Канада и Томе Здравевски кој долги години живее во Германија. Двата имаат одиграно голем број на натревари во дресот на Пелистер.

-Ние како клуб на ветерани функционираме подолговреме. Имаме редовни тренинзи и настапуваме во Битола и во градовите кадеима вакви клубови.Имаме настапувано кај денешните противници во Штип каде бевме одлично пречекани. Покрај тоа што сме во “натпреварувачка кондиција“ за нас, а и за сите екипи од Македонија е тоа што се дружиме и се потсетуваме на некои нетака далечни времиња, кога сите ние биевме битка под кошевите за бодови и титули, вели Драган Наумовски – Дандо, кој додава дека резултатот во овие пријателски натпревари секогаш е во втор план.

Кошаркарите ветерани минатата зима беа во Задар, Хрватска, каде одиграа пријателски натпревари.

More from БитолаMore posts in Битола »
More from СпортMore posts in Спорт »