Press "Enter" to skip to content

Македонската филхармонија и два солисти го отворија 27. издание на “Интерфест“ (фотогалерија)

Вечерва во големата сала на Центарот за култура во Битола, се отвори дваесет и седмото издание на Интернационалниот фестивал на класична музика “Интерфест 2018“ на кој битолчани на 11 фестивалски вечери ќе проследат 15 концерти и рецитали, изложба и сценска изведба.Фестивалот за отворен го прогласи градоначалничката на Битола, Наташа Петровска која рече дека битолчани ќе имаат прилика да гледаат врвни изведби на уметници, а таа сака помалку како политичар да биде на сцената, а таа да биде на уметниците.За почетоците на фестивалот и за тоа што битолчани ќе видат на сцената на “Интерфест“ зборуваше Милица Шперовиќ Рибарски, која заедно со нејзиниот сопруг Кирил Рибарски се основачи на фестивалот.Потоа следуваше целовечерен концерт на Македонската филхармонија под дирегентската палка на Борјан Цанев,  а на сцената битолчани имаа прилика да слушаат седумдесетина врвни музичари. Како солистка настапи големата виолинска ѕвезда Ајман Мусакаџајева од Казахстан, која е уметница на УНЕСКО и лауреатка на најпрестижните светски конкурси за виолина.На програмата вечерва беа изведени: „Фантастичната симфонија“ од Хектор Берлиоз и Концертот за виолина и оркестар во Де-мол од Арам Хачатуријан.На интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ во 11 фестивалски вечери ќе настапат реномирани уметници од 10 земји: Полска, Казахстан, Шпанија, Италија, Русија, Македонија, Украина, Германија, САД, Романија.На програмата покрај 15 концерти ќе се одржи и ликовна изложба на академскиот графичар Паоло Чампини од Италија и претстава на Народниот театар – Битола.Во рамките на фестивалот се одржува и 9-от Интернационален пијано-натпревар за пијанисти е единствен во Македонија, со кој како рече, уметничкиот директор Милица Шперовиќ Рибарски имале најголем проблем што никој не сака да го поддржи. За финансиските проблеми кои ги има “Интерфест“, Кирил Рибарски, директор, пред почетокот на фестивалот рече:-Веќе 27 години чекаме Битола да застане зад овој фестивал. Општината помага со мали средства, со 250. 000 денари, но тоа се малку средства, ако ви кажам дека на еден уметник хонорарот му е 4.000 евра.Министерството култура го финансира со 27.000 евра, а само вечерашниот настап чини околу 10.000 евра, а хонорарите на некои музичари во следните денови се по 4.000 евра.

С.Р.

More from БитолаMore posts in Битола »