На отворен простор пред Центарот за култура – Битола, со физичка дистанца и заштитни маски според препораките од Министерството за здравство, синоќа беше промовирана новата книга на писателката м-р Сања Мучкајева Видановска со наслов „И Боговите имаат интернет”.
Овој роман претставува дисекција на општеството во кое живееме, односно денешницата, споредено со едно друго исчезнато време на социјализмот, идеализмот и романтизмот, за Битола, но секако и за други градови.
Затоа и самата нарација не е рамномерна, туку е паралела на две различни општества, времето на социјализмот прикажано низ дневникот на една тинејџерка и времето на денешницата во кое интернетот навлегува во голем дел од животните вредности во Битола.
-Саркастичното прикажување е составен дел низ композициската конструкција, каде и иронијата има своја функција во однос на се она што не опкружува и што често раководи со нашето секојдневие. А, секојдневието се надоврзува од ден во ден, и сето тоа се заокружува со годините на транзицијата и вртењето во круг на генерации зафатено во тој круг, рече авторката на книгата.
Сања вели дека оваа книга е напишана за секоја генерација, која можеби ќе се пронајде и во едното и во другото време.
-Првото напишано во форма на дневник од една тинејџерка, а другото опишано од средовечна мајка, која живее во сосема поинакво време од нејзината младост, време во кое И БОГОВИТЕ ИМААТ ИНТЕРНЕТ, додаде таа.
Книгата е во издание на издавачката куќа Матица македонска. Инаку, „И Боговите имаат интернет” е седмо дело на Мучкајева Видановска.
Мартин Николовски

“И Боговите имаат интернет” на Сања Мучкајева Видановска промовирана во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Најубава чкембе чорба направија и освоија прво место моторџиите од “Конзули“, Гран-при за “Корзо“ на првиот “Чкембе фест Битола 2026“ (фотогалерија)
- Еурофарм Пелистер 2 од Битола со реми против Младост во Богданци откако се врати од -6
- СВР Битола: битолчани во сообраќајка кај Крушје, приведување за возење без возачка, нападната малолетничка
- УКЛО Битола на меѓународната конференција „Crossing Boundaries and Disciplines“ во Израел
- Во Битола сончево, попладне можни врнежи
More from КултураMore posts in Култура »
- Самостојна изложба на Владо Ѓоревски од Битола во Шпанија
- Во Битола во тек е првиот кинески филмски фестивал
- Изложбата “Извонредниот текстил на Мексико“ во Македонија по повод 25 години дипломатски односи
- Доделни наградите “Анте Поповски“ за 2026 година
- Започна јубилејното, 35. издание, на “Интерфест“ во Битола со балетската претстава “Шехерезада“ (фотогалерија)










