Press "Enter" to skip to content

Со “баклијада“ низ Тумбекафе, “Чкембари“ – Битола, прославија 35 години постоење (фотогалерија)

Со голема баклијада низ Тумбекафе над Битола, од анфитеатарот по скалите, и по улицата се до подножето, во која беа запалени стотина “бакли“ беше прославен јубилеот на “Чкембари“ – Битола, 35 години од основањето во 1985 година, на 25 септември. Во анфитеатарот “прославата“, ако може така да се нарече поради корона мерките, започна со пеење на химната “Птицо моја“, и скандирање на името на Кенан, еден од основачите на “Чкембари“ – Битола и автор на најголем дел од навивачките песни.Потоа беа испеани неколку навивачки “стари“ песни во чест на основачите на “Чкембари“ од Битола.На крај беше направена “баклијада“ која беше “запалено“ Тумбекафе, каде беа запалени околу сто “бакли“.

More from БитолаMore posts in Битола »
More from СпортMore posts in Спорт »