Press "Enter" to skip to content

Промоција на фондацијата “Ѓорѓи Марјановиќ“ и книгата “Колумни“ од проф. д-р Ѓорѓи Марјановиќ (фото)

Вчера во хотел“ Епинал“ во Битола, пред членовите на Ротари клубот Битола, беше промовирана фондацијата “Ѓорѓи Марјановиќ“ и книгата „Колумни“ од проф. д-р Ѓорѓи Марјановиќ.

За програмата и мисијата на фондацијата и содржината и целта на книгата во Битола зборуваше Александар Марјановиќ, директор на фондацијата, кој рече:-Фондацијата ќе се грижи за зачувување на творештвото на проф. д-р Ѓорѓи Марјановиќ, како и остварување на неговиот сон „Македонија да ја направиме пристојно место за живееење“. Во следниот период, оваа фондација ќe формира школа за идни лидери, која ќе биде непрофитна, наменета за деца и младинци со програма која ќе опфаќа ораторство, дебатирање, морални вредности и бонтон. Планирана е и реализација на програма за книги и читање, за да се развијат комуникациските вештини кај децата и ќе организираат годишно натпреварување по раскажување и читање.

Книгата „Колумни“ e објавена во три тома, на над 1.000 страници, содржи 329 колумни кои Ѓорѓи Марјановиќ ги пишуваше за дневниот весник “Дневник“, од 1998 до 2006 година.Книгата “Колумни“  не се продава на „традиционален“ начин туку се обезбедува со донирање износ по сопствен избор. Сите приходи ќе бидат употребени за помош при школување и вработување на деца без родители, деца на самохрани родители, невработени и останати ранливи категории.

Со оглед на ротаријанската идеја на ова издание, членовите на РК Битола учествуваа со своја донација, а беа разгледувани и можности за продлабочување на соработката.

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »