Press "Enter" to skip to content

Пелистер поразен во Битола по три продолженија од Еуро Никел (фотогалерија)

Пелистер – Еуро Никел 116:122 (92:92, 100:100, 107:107)

Пелистер во Битола, на свој терен во Битола е поразен од Еуро Никел, во натпревар во кој се одиграа дури три продолженија, за краен резултат 116:122, во регуларен дел 92:92, а беше незивесно до последната минута од натпреварот.  Екипата на Пелистер во првата четвртина имаше негатива од -7 (16:23), а по втората четвртина на одмор заминаа со +9 (52:41), а “пелистерци“ постигнаа двојно повече поени, 36:18. Третата четвртина заврши само со поен предност за Пелистет 65:64, а во третата четвртина беше 13:23. Последната четвртина донесе реми во регуларниот дел 92:92  по што започнаа продолженијата. 

Во првите пет дополнителни се играше поен за поен и двете екипи постигнаа по 8 поени 100:100. Во вторите пет минути Пелистер отвори со серија 7:0, а Еуро Никел встигна до нерешени 107:107 и се избори за трети продолжение. Последното продолжение донесе победа за екипата на Еуро Никел 116:122. Најефикасни кај Пелистер беа Кесар со 33 поени, Малешевиќ со 30 поени и 10 асистенции и Бојан Трајковски со 19 поени и 10 скока.

More from БитолаMore posts in Битола »
More from СпортMore posts in Спорт »