Press "Enter" to skip to content

Пелистер се врати на победите, во Битола победен Црн Дрим (фотогалерија)

Пелистер – Црн Дрим 117:68

Вечерва во Битола кошаркарите на Пелистер се вратија на победите во Првата лига.  “Пелистерци“ на домашен терен славеа над аутсајдерот Црн Дрим 117:68 и ја запишаа петнаесеттата победа во  кошаркарски шампионат, откако на два пати беа поразени.Пелистер во салата “Боро Чурлевски“ во Битола  беше убедлив во секој поглед на играта, иако Пелистер на овој дуел играше без неколку првотимци.Изненадувачки делуваа оние 13:16 по шест и пол минути игра од првата четвртина во корист на гостите од Струга, но домашната екипа брзо го промени тоа. До крајот на четвртината имаа разлика од +6, 25:19. Пелистер до полувремето постигна повеќе од 50 поени, а на одмот се отиде со 53:36.И третата четвртина помина во доминација на Пелистер, а третиот дел заврши со 31:21. Тренерот на Пелистер Илиевски им даде минутажа на сите, а на крај заврши натпреварот заврши со резултат 117:68.Најдобар кај Пелистер беше Малешевиќ со 24 поени, Кесар имаше 19, додека Стајиќ реализира 16 поени.„Пелистерци“ до сега имаа 15 победи и 4 порази, а имаат да доиграат уште три натпревари од регуларниот дел.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »