Ракометарите на Еурофарм Пелистер од Битола, од вчера се наоѓаат во “карантин“ во Скопје, каде денес ќе го играат вечното дерби против Вардар.
Самиот факт дека од вчера ракометарите од Битола се во Скопје и синоќа одраборија и тренинг во салата “Борис Трајковски“ дербито е голем предизвик за “пелистерци“, бидејќи како велат во СЦ „Јане Сандански“ ќе се игра првиот двомеч со кој ќе се решава титулата во ракометната супер лига.
Секако дека Еурофарм Пелистер од Битола гостува во желба за нови бодови, а и Вардар е подготвен на свој терен да нападне со сите сили. Оваа сезона двете екипи се сретнаа на Струшкиот турнир каде битолчану убедливо славеа.
Ова ќе биде интересен дуел, па денеска од 17 часот ќе има што да се види на теренот бидејќи е јасно дека победата е императив за двата тима.











