Press "Enter" to skip to content

Еурофарм Пелистер порезен од Вардар во првата пресметка за титулата

Вардар – Еурофарм Пелистер 35:27 (17:12)

Вардар во Скопје, во првото сезонско дерби убедливо славеше со 35:27, против Еурофарм Пелистер од Битола,  битката за титулата во Супер лигата и направи разлика за во реваншот во Битола да им биде тешко Еурофарм Пелистер да ја анулираа таа разлика, доколку нема некои изненадувања во плеј-офот.

Дуелот почна доста изедначено, после почетните 3:3, за брзо беше 7:5 за Вардар, потоа 8:7, а потоа почна зголемување на разликата. Битолчани дојдоа до -2, 13:11, а до крајот на првото беше 17:12.

Второто полувреме донесе доминација на  Вардар кои го зголемуваат водството, а дојде до +7,  21:14. Највисокото водство дојде на осум минути до крајот 32:22. Во финишот од средбата “пелистерци“ го ублажија поразот на 35:27.

Најдобар стрелец Еурофарм Пелистер беше Стипе Мандалиниќ со осум гола, а следува Граџан со шест, а Периќ и Радовиќ погодија по двапати.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »