Press "Enter" to skip to content

Жељко Бабиќ: паднавме енергетски, емотивно се испразнивме и имаме пократка ротација

Вчера екипата на Еурофарм Пелистер од Битола против Вардар, во Скопје, не успеа да прикаже игра која би им донела позитивен резултат и во Битола се врати со пораз од 27:35, а разлика може да биде пресудна разлика во меѓусебниот дуел.

Тренерот Жељко Бабиќ после средбата потврдидека ова бил дуел на кој Вардр заслужено успеал да дојде до победата и рече:

-Заслужена победа на Вардар дефинитивно. Вардарци имаа повеќе енергија и во одредени моменти може и повеќе квалитет. Сепак, верувам дека без разлика на квалитетот кој го поседуваат во Вардар ние паднавме енергетски и имаме пократка ротација. Имавме многу натпревари и емотивно се испразнивме. Секако една од причините за лошите перформанси е менталниот и физичкиот замор и додаде дека младите ракометари не можеле да го издржат притисокот:

-Имаме многу натпревари и особено за нашите млади ракометари е тешко да се издржи бидејќи оптоварувањата се големи исто како и очекувањата. Во една таква ситуација потонавме под притисокот на самиот натпревар. Сигурно разликата не е така голема како што изгледа. Во вторник играме натпревар во Лигата на Европа и ќе се обидеме да се вратиме и да продолжиме да играме понатаму. Ова е само еден натпревар, а ова е заслужена победа на Вардар. Имаме уште многу да се игра и треба што побрзо да се вратиме ментално.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »