Битола – Проект 21:19
Со реализиран шут зад линијата за два поени, баскетџиите од 3х3 Битола победија против Проект 3х3 со 19-21 во рамки на финалето од четвртиот и последен квалификациски турнир од премиерната зимска 3х3 лига на КФСМ и “3×3 Macedonia“.
Момците од Битола ја победија екипата BadBoys во полуфиналето 18;16, односно Geez во четвртфиналето 16:13, а во групната фаза славеа против Brotherhood Alpha, 3×3 Молика и Razorbacks 3×3.
Следи кратка пауза од баскет-акцијата, а потоа најдобрите дванаесет екипи од четирите квалификациски турнири ќе си ги одмерат силите на финалниот турнир, предвиден да се одигра кон крајот на месец април во Скопје.








