Press "Enter" to skip to content

Победа на Топ Гол во Битола за важни бодови

Топ Гол – Речица 2:1 (1:0)

Важна победа на Топ гол во рамките на 20. коло од Првата фудбалска лига жени, во натпреварот кој се одигра на фудбалскиот терен “Павел Шатев“ во Битола, битолчанки ја совладаа екипата на Речица со конечен резултат од 2:1, полувреме 1:0.

Головите за домаќинот ги постигнаа Гелевска во 41. минута и Петровска во 76. минута  од натпреварот, а оваа е важна победа на Топ гол, зошто е над директниот конкурент за пласман на 8-та позиција.

-Честитки за победата и за фер-плеј играта од страна на двете екипи. Оваа победа ни беше повеќе од потребна за повисок пласман и за враќањето на самодовербата. Имаме згуснат распоред и веќе мислите ни се насочени кон натпреварот во сабота против Пљачковица, изјави Кире Грбевски тренерот на Топ гол.

За домашните настапија:Павлоска, Бумбаровска, Јанкоска, Миќановиќ, Стојчевска, Талевска, Петровска, Гелевска, Јанковска, Гоцевска, Љондевска уште играа: Најдовска и Дамева.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »