Press "Enter" to skip to content

Деновиве пред 10 години: со спорт, уметност и хепенинг одбележан Денот на Европа (фото)

-Традиционално Општината Битола, ЕУ инфо-точката и Делегација на ЕУ го одбележуваат на Денот на Европа, како и во 2012 година, пред 10 години, кога со низа активности во Битола беше одбележан овој ден, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола, и доајден на битолското новинарство.Бројни активности се одвиваа на плоштадот “Магнолија“, Широк Сокак и на “Ќумурно“, а учествуваа учениците од 12 основни училишта кои со својата креативност претставија четири земји на ЕУ,  а имаше и презентации на теми од брошурата “Да ја истражиме Европа“.Во одбележувањето се вклучија и Активот на директори, Сојузот на училишен спорт на Општина Битола, Здружението на спортски педагози на Општина Битола, Општинскиот сојуз на спортови на Општината Битола преку организирање на мини спортски активности (пинг-понг, тенис, кошарка, одбојка, фудбал, ракомет, карате, џудо, влечење јаже, скокање на јаже, народна и сл.), потоа ликовни акции, модерен балет, играорни групи, музички творби, вели Миновски.Овие активности се реализираа на потегот од плоштадот “Магнолија“ преку Широк Сокак до плоштадот “Гоце Делчев“, а учесници беа околу 500 ученици од основните училишта во градот.Детскиот фудбалски хепенинг “Спортот не знае за граници и обединува“ се одржа на фудбалско игралиште “Павел Шатев“ во организација на ФК Топ гол и ФФМ. На овој хепенинг учество зедоа 120 ученици од основните училишта.Во музичкиот дел настапија: детскиот хор “Ѕвончиња“, пензионерската пејачка група “Сирма
Војвода“, оркестарот при Државното музичко училиште, училишниот хор при ОУ “Трифун Пановски“, групата “Рок банда“… 

More from БитолаMore posts in Битола »
More from ВестиMore posts in Вести »