Вечерва во Пациото на Завод и Музеј од Битола, во организација на Форумот на жени на СДСМ од Битола се одржа трибина по повод Светскиот ден на фамилиите кога се одбележува важноста на семејствата како основна клетка на секое општество.
Форумот на жени СДСМ Битола, оваа трибина ја организира во соработка со здружението на еднородителски семејства “Дел од сите“, а под мотото “Семејството не е бројка, семејството е љубов“.
-Голема чест и привилегија беше да сме домаќини на почитуваната Јована Тренчевска, министерка за труд и социјална политика и воедно претседателка на Форум на жени СДСМ. Исклучителна можност да се начнат многу теми, да се споделат искуства, да се дадат сугестии и предлози и најважно од се, одличен повод да се слушне гласот на еднородителските семејства, рече на отворањето на трибината, Татјана Крнчева, претседател на Форумот на жени на СДСМ во Битола, која додаде:
-Ние сме нивната алатка и нивниот сервис кој во континуитет, сериозно и одговорно приоѓа на оваа проблематика и е во постојана борба за обезбедување на подобар и поквалитетен живот на мајки и татковци херои во “приказната“.
На трибината зборуваа Јована Тренчевска, министерка за труд и социјална политика и воедно претседателка на Форум на жени СДСМ и Јасмина Кочанковска.
На трибината беа присутни и претседателот на СДСМ од Битола, Драган Крајовски, секретарот Гордана Анастасова, членови на ОО на СДСМ Битола, советници…
-Семејството не е важна работа, семејството е сее!” Да го негуваме, беше пораката која беше испратена на крајот на трибината.

“Семејството не е бројка, семејството е љубов”, трибина на Форумот на жени на СДСМ-Битола (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Зоран Стојчевски е назначен за претседател на Општинската организација на СДСМ Битола
- Четворица јавачи на импровизацијата на Меѓународниот ден на џезот Битола 2026
- Општина Битола: јавен повик за проекти за млади
- Одбележани 25 години од масакрот кај Вејце каде загинаа четворица битолчани (фотогалерија)
- “Идеатон“ натпревар на идеи за сообраќајно инженерство и графички дизајн во рамки на 65 години Технички факултет – Битола (фотогалерија)










