–Ако денес екипата на Пелистер од Битола исппадна од Прва во Втора фудбалска лига, пред 10 години беше обратно, “пелистерци“ под Тумбекафе во Битола го заверија учеството во Првата лига. Во Битола во последното коло им беше доделен пехатот за освоено прво место како шампииони во Втора лига, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолкото новинарсто.
Во последното коло Пелистер ја победи екипата на Дрита го освои првото место на табелата и со тоа и официјално стана нов член на Првата фудбалска лига.
Големиот пехар на капитенот на Пелистер, Драганчо Димитровски, му го врачи претставникот на Фудбалската федерација на Македонија, Миле Спировски.
Во последното коло од лигата, Пелистер тешко дојде до победата особено по двата примени гола во првото полувреме и водството на гостите. Но, оваа екипа покажа дека има квалитет и натпреварот го сврте во нивна полза. Од 0:2 победи со 3:2 сосема заслужено.
Тогаш по пласманот во Прва лига фудбалерите посакаа Пелистер никогаш повеќе да не се најде надвор од Првата лига, но годинава тоа се случи повторно.

Деновиве пред 10 години: Пелистер се пласира во Прва лига (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Зоран Стојчевски е назначен за претседател на Општинската организација на СДСМ Битола
- Четворица јавачи на импровизацијата на Меѓународниот ден на џезот Битола 2026
- Општина Битола: јавен повик за проекти за млади
- Одбележани 25 години од масакрот кај Вејце каде загинаа четворица битолчани (фотогалерија)
- “Идеатон“ натпревар на идеи за сообраќајно инженерство и графички дизајн во рамки на 65 години Технички факултет – Битола (фотогалерија)










