Денес се одржа 2. по ред хуманитарен “Бељот турнир“ во Битола, во организација на Ротаракт клубот Битола од Битола, кој се одигра на 16 маси, на истата ланска локација, на пешачката зона покрај река Драгор, од “Рудо Јагне“ до првото дрвено мовче.
Победници на годинашниот турнир во бељот се тимот на “Кинекс“ од Битола кои беа најдобриод 32 екипи, а до титулата најдобри бељотчии дојдоа по четири победи над екипите кои им се “паднаа“ на жребката.
Инаку, правилата беа исти како и лани, се игра во тим од двајца, на две добиени партии и со директно испаѓање.
Сите собрани средства ќе одат во хуманитарни цели, а тимот кој го организираше овој турнир, Ротаракт клубот Битола, дополнително ќа објави каде средствата ќе бидат донирани.
-Радоста и насмевките ваши беа наша награда за трудот кој го вложивме за овој настан да биде тоа што беше. Се надеваме дека како и оваа година, така и наредната ќе биде се подобар и помасовен. Благодарност до сите фирми и пријатели на клубот кои ја препознаа оваа идеа и помогнаа на било каков начин, рекоа од Ротаракт клубот Битола, кои додадоа на крајот:
-На Битола му требаат вакви настани. Се гледаме наредна година.

Тимот на “Кинекс“ победници на 2. хуманитарен “Бељот турнир“ во Битола (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола доби модерен терен со дренажен систем по највисоките стандарди и критериуми на УЕФА
- Деновиве пред 10 години: УКЛО Битола го прогласи Тома Фила за почесен доктор на науки (фото)
- Одбележана вековната традиција, градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: во Битола десетина протести на ГДОМ за крај на кризата и вандализирањата на државните институции во Шарената револуција (фотогалерија)
- Погребението Христово, на Велик Петок, во црквата “Св. Недела“ во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Зоран Стојчевски е назначен за претседател на Општинската организација на СДСМ Битола
- Четворица јавачи на импровизацијата на Меѓународниот ден на џезот Битола 2026
- Општина Битола: јавен повик за проекти за млади
- Одбележани 25 години од масакрот кај Вејце каде загинаа четворица битолчани (фотогалерија)
- “Идеатон“ натпревар на идеи за сообраќајно инженерство и графички дизајн во рамки на 65 години Технички факултет – Битола (фотогалерија)










